Поради Австрија, Рено ја промениле тактиката за Силверстон

101
   

Од Рено откриваат дека поради непредливото однесување на гумите за време на Австриското Гранд При, екипата ја променила вообичаената стратегија за трката во Англија, што го донесе Нико Хулкенберг до 6то место.

Возачите на екипата од Енстон беа единствени кои трката ја почнаа на медиум, а потоа променија хард и само тие ја користеа најтврдата компонента на трка. Хулк успеа на крајот да стигне до најдобар од останатите, а Карлос Саинз имаше судар со Роман Гросжан и не заврши.

Стратегијата да се вози најтврдата компонента потекнува директно од проблемот со пневматиците кои Карлос ги искуси во Австрија. Болидот на Рено е остар со гумите од почетокот на сезоната.

Стратегијата беше наметната од карактеристиките на болидот кој го имаме. Сеуште се соземаме од шокот во Австрија каде стратегијата не уништи откако се појавија проблеми со гумите кај Карлос, кои доколку не се појавеа тој ќе имашт одлична трка. По една таква трка и неколку денови анализа научивме дека мораме да возиме со најтврдата компонента.

Бевме единствени кои користевме сини гуми кои ги тестиравме уште во Петок на Т2 и увидовме дека имаме добар ритам со таа компонента споредено со другит екипи и решивме да ја возиме на трка – објасни Сирил Абитебул, шефо на тимот.

Французите напорно работат да го решат проблемот со гумите иако им е јасно дека за тоа ќе биде потребно време.

Знаеме дека имаме болид кој силно ги деградира гумите, многу посилно одошто другите екипи, тоа е факт кој го знаеме.

Нашите конкуренти исто така го знаат тоа и нема потреба да го криеме туку да се фокусираме на тоа за работа на потисната сила, особено на патеки кои се нерамни со летечки кривини каде болидот не седи мирен, а врз гумите има многу енергија и поради тоа деградираат. Проблемот го знаеме и имаме решение, но ни треба време.

За крај на своето интервју по Силверстон, Сирил призна дека е задоволен од трката поради тоа што освоиле повеќе поени од своите конкуренти со кои се борат за 4то место.

Силверстон е патека каде со оглед на карактеристиките на болидот, дефицитот во моќ и уште неколку други фактори, знаевме дека не сме силни. Но, изменаџиравме добра трка и задоволен сум.

Се вртиме кон следните два настани кои ќе ни одговараат повеќе во однос на карактеристиките на РС18 пакетот. Се надеваме дека повторно ќе ги надминеме директните риавали, но на трка никогаш не се знае.


Поради Австрија, Рено ја промениле тактиката за Силверстон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>