Италијанскиот доставувач со гуми во Формула 1, , ќе произведува гуми со помал, потенок гумен слој догодина, исто како што донее на три трки сезонава.

Гумите со помал гумен слој беа користени во Шпанија, Франција и Британија за да се намали прегревањето и меурите кои беа предизвикани од новиот асфалт на трите брзи патеки. Менаџирањето на гумите е проблем на последните неколку трки и токму стратегијата со истит го решава победникот. Италијанците се надевваат дела промени во конструкцијата на нивните гуми и помалиот гумен слој кој се користеше неколку наврати сезонава ќе ги реши проблемите.

новиот производ за следната година е сличен на оној кој го користевме во барселона, но не можам да кажам дека е исти поради новата конструкција, новата геометрија, но секако дека е сличен, во тој правец, да.

направивме некои модификации за следната сезона на гумениот слој за да имаме помало прегревање, но и на начинот на кој ги дизајниравме компонентите. на пример, новите компоненти имаат повисока работна температура за да се спречи нивно прегревање – објасни Марио , главниот човек во пирели моторспорт.

Гумениот слој за трите трки сезонава беше потенок за 0,4 милиметри, но предизвика контраверзии затоа што медиумите пренесоа дека за такво мешто Мерцедес лобирале кај Пирели поради губењето на брзината на Ферари во Шпанија и силниот Мерцедес на таа патека. Но, потоа дојде Силверстон каде италијанците од Маранело доминираа со истите гуми.

Меурите се појавуваат кога температурата поминува одреден праг и тој феномен е почест со подебел слој на гума кој ја задржува топлината и може да предизвика цели парчиња гума да се откинат.

Потенкиот гумен слој секако дека има и негативни страни, како на пример поголема склоност на физичко абење, но Пирели се надеваат дека тоа ќе биде предност затоа што ќе ги спречи возачите да имаат многу долги серии со бавен ритам без да промена гума. Пирели се исто така загрижени дека повисокиот праг на работа на гумите може да го отежне загревањето и носењето во прагот на кои тие даваат максимални перформанси.

би открил дека новите гуми ќе бидат малку побрзи, но и многу поконстантни затоа што користат нова технологија и нови материјали. има подобрување генерално кај се – заврши исола.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.