Вилијамс објавија дека потпишале комерцијален договор со ПКН Орлен за 2019 година, полска нафтена компанија која го поддржува Роберт Кубица во неговото враќање во Формула 1.

Нафтената рафинерија и препродавач на нафта и нафтени деривати преку своите бензински пумпи котира на европските берзи и е највреден полски бренд. Во иднина ПРК Орлен ќе има значително присуство на болидот од Вилијамс, логото ќе биде видливо на задното крило, носот на болидот, делот кај ладењето на моторот и на двата ретровизори. Кацигите на возачите исто така ќе бидат украсени со нивно лого, како и униформите на сите членови на екипата.

Медиумите во Полска тврдат дека ова задоволство ќе го чини ПКН Орлен 25 милиони долари годишно, но и можност да го сместат полјакот во болидот на Вилијамс во врвната моторспорт тркачка серија во светот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.