Полските власти застанаа во одбрана на инвестицијата од државната нафтена компанија, а со цел враќање на Роберт Кубица на Формула 1 гридот во 2019 година.

Неколку денови откако Вилијамс откри дека полскиот нафтен гигант и највреден полски бренд ПНК Орлен ќе биде спонзор на тимот следната година, почнаа бранувањата.

Главен акционер во нафтениот гигант е државата со сопственост од речиси 28% од акциите на компанијата со право на глас. Спонзорскиот договор во паралемтнто го бранеше Витолд Банка, поранешен полски спринтер на 400 метри.

многу компании открија дека е подобро да спонзорираат спортисти директно одошто да даваат пари по спортски асоцијации и тимови.

Роберт Кубица предизвикува емоции насекаде низ светот затоа што е еден од најпознатите полјаци. инвестиција во една таква приказна е сосема оправдано – објасни министерот банка за полското телевизиско шоу Sam na Sam.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.