Пожар ја уништил телеметријата на Гросжан

85
   

Роман Гросжан го комплетираше Јапонското Гранд При без податоци од телеметријата откако на почетокот на трката во неговиот болид имало пожар. Сепак, французинот успеа да дојде до 8то место и со дополнителен проблем од задната суспензија.

Гунтер Стаинер објасни дека тимот не можел да му помогне на Роман да го идентификува проблемот поради што немале никакви податоци од болидот.

Не знаевме како се скрши делот од суспензијата поради тоа што од почетокот немавме податоци од телеметријата. Немавме податоци за темепратурата во гумите, немавме ништо затоа што имавме мал пожар кој откако се појави изгоре дел од каблите поставени за таа намена.

Кога на правецот ни го кажа проблемот со болидот, ние не знаевме точно што се случува и мислевме дека можеби “собрал“ некој остаток од болидот на Магнусен и му се дупнала гумата, но продолжи да вози.

Трката воопшто не беше лесна за него, всушност изгледаше многу полесно одошто беше. Не знаевме во никој момент колку му се загреани гумите, само ги знаевме основните податоци. Се мачевме – ја објасни целата ситуација Стаинер.

Кон крајо на трката, по Виртуелното безбедносно возило, Гросжан го загуби 7то место од Серхио Перез и Форс Индија, по што рпреку радиото се жалеше на тоа колку болидот на Чеко се доближил до него за време на ВБВ правилото.

Немаше ништо против правилата што направи Перез, внимателно ги следеше податоците за време на Виртуелното безбедносно возило, по кое може да дојдете в подобра или полоша ситуација затоа што правилата мерат одредени мини сектори.

Изгледаше добро, гумите му беа добри и имаше подобра тракција од нас и на шиканата го мина Гросжан – дополни италијанецот.

Вториот болид на Хаас, возен од Кевин Магнусен се откажа во 9от круг откако имаше судар со Леклер. Но, 8то место на Гросжан значи 4 поени и намалување на заостатокот во однос на Рено во борба за 4то место во поредокот на само 8 поени.

Задоволни сме што си одиме со поени од овдека особено земајќи во предвид се што се случуваше. Ако болидот ви се запали во првиот круг, тоа никогаш не е добро.


Пожар ја уништил телеметријата на Гросжан

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>