Спортска Регулатива

Формула 1 трките се скоро идентично долги, пресметани во правилата по најмалиот број на кругови потребен за да се постигне должина од 305 километри. Некои трки траат подолго од други, но тоа зависи од просечната брзина на патеката.

Единствен исклучок е Монако, кадешто должината на трката е пресметана по минималниот број на кругови потребен да се поминат 260 километри.

Сепак, секоја трка има максимално времетраење од 2 часа. Доколку се надмине овој период, чекираното знаме ќе му биде извеано на водечкиот болид во кругот во кој се надминуваат тие 2 часа.

На крајот на секоја трка, возачите кои завршиле во топ 10 освојуваат поени кои се применуваат во пласманот на возачи и конструктори, по следното скалило:

  1. 25 поени
  2. 18 поени
  3. 15 поени
  4. 12 поени
  5. 10 поени
  6. 8 поени
  7. 6 поени
  8. 4 поени
  9. 2 поени
  10. 1 поен

Единствен исклучок на ова е кога трката е суспендирана и неможе да се рестартира. Во овој случја, половина од поените се доделуваат доколку е помината должина на патеката помала од 75 проценти од вкупната, додека ниту еден поен не се доделува ако се поминати помалку од 2 круга.

Секој возач кој ќе помине 90 проценти од должината на трката ќе се смета дека ја завршил трката, без разлика дали бил во возна состојба кога победникот ја минал финиш линијата.

Титулите во конкуренција на возачи и конструктори се доделуваат на возачот и конструкторот кој освоил најмногу поени во сезоната.

Во случај да има возачи со идентичен број на поени, возачот со подобар пласман во трките (од прво место па надолу) ќе има предност.