Шарл Леклер смета дека неговата прва сезона во Гранд При тркањето можела да се одвива со сосема поинаква насока доколку Заубер не биле толку добри во своите перформанси.

Швајцарската екипа имаше секакви потешкотии во 2017 година, но по реконструкција и дополнителни средства, како и ангажирањето на Фредерик Васур, Заубер доби нова основа во 2018 година. Додека тимот се мачеше во почетните трки, напредокот наскоро започна, дозволувајќи му на дебитантот Леклер да ги прикаже своите способности, неговата мотивација, а на крајот да си овозможи себе си место во Ферари во 2019 година.

Мислам дека можеше да биде многу тешка ментална сезона доколку јас или болидот не бевме добри. За мене тоа ги прави нештата мошне интересни и кога почнавме да го развиваме болидот, јас да се развивам како возач, да се борам за поени, тоа ми даде голема мотивација.

Но, верувам дека доколку сте во позиција како во таа во која бевме ние на почетокот, мотивацијата е прилично тешка.

Најверојатно во првите трки помислив дека не сме конкурентни, така што очигледно по 20 кругови поминати бевме на 19то место, а потоа се е прилично досадно – изјави Леклер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.