Домаќинот на Големата награда на Британија, легендарниот автодром Силверстон, ќе доживее уште една промена на асфалтот пред годинешната трка, со цел да се подобри дренажата откако лани мораа да ја откажат МотоГП трката.

Пред ланското издание на Големата награда на Британија патеката веќе доби нов асфалтен слој и Формула 1 трката мина без проблеми, но еден месец подоцна, МотоГП трката беше откажана поради силниот дожд. Новиот асфалт имал проблем со дренажата односно огромни количества вода останувале на истиот.

го чекаме заклучокот од истрагата и блиску сме до донесување одлука – изјави стјуарт прингл, оперативниот шеф на автодромот.

Британците се децидни дека мора да ја подобрат состојбата пред следното издание на мото трката за да се спречи потенцијална опасност од ново откажување. За време на Формула 1 трката мислењата околу новиот асфалт беа поделени, Луис Хамилтон сметаше дека работата е очајно завршена, а Фернандо Алонсо гледаше огромно подобрување во однос на 2017 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.