Одлуката на Фернандо Алонсо да остане во Мекларен и наредната сезона или пак да премине кон друга тркачка серија ќе одлучат каде ќе биде возачкото место на Ландо Норис за 2019 година.

18-годишниот тркач во Формула 2, кој само што комплетираше дводневен тест во Унгарија со Мекларен, би можел да биде промовиран во постојана возачка улога со екипата од Вокинг, иако среднорочната иднина е надвор од негова контрола.

Идеално, ќе бидам со Мекларен наредната година. Тоа е совршеното сценарио, но не е моја одлука, тоа зависи од шефовите и од одлуката на Фернандо – истакна Ландо.

Независно од дали двократниот шампион ќе одлучи да се пензионира од Формула 1, Мекларен сеуште размислуваат за ангажирање на Карлос Саинз, доколку Рено го потврди договорот со Естебан Окон.

Тој што би заминал би бил Стофел Вандорн, кој е послаб во однос на тимскиот колега во квалификациите и во трките. Норис сигурно би сакал да биде возач во Формула 1 во 2019 година, но доколку таа опција се одложи за дополнителна година, истото не е проблем.

Тешко е да се каже што ќе се случи, бидејќи никој не знае што сака Алонсо да направи следната година. Да бидам во Формула 1 би било многу добро, но во исто време можеби е подобро да тренирам во тренинг сесиите и да добијам дополнителна шанса за возење. Се додека не се донесат одлуки, не знам што да изјавам – вели Норис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.