Планирана промена на правилата за квалификациите

484
   

ФИА планира да го промени правилото околу казните за промена на мотор, за да не се случат квалификации налик на последните од  Русија. Во Саботата имаше доста промени на мотор што ги враќаат возачите назад на гридот пред стартот, но кој пред кого ќе стартува се одучува со тоа кој прв ќе излезе на патеката во првиот тренинг.

Ова зчани дека тие не мора да се појават на квалификациите, но сепак излегуваат во К1 поради спонзорите и фановите. Во Сочи, тројца од пет казнети возачи беа брзи за во К2, но ниту еден не возеше тогаш за да штедат гуми и мотор.

Како резултат на тоа Рено не излезе на К2 во Русија бидејќи им беше гарантирана 11та и 12та позиција и слободен избор на гуми. Промената на правилата треба да донесе крај на проблемите кои се појавија во Русија.

Мислам дека никој не можеше да претпостави што се случи тука. Мислам дека има и друг начин, а за тоа зборувавме со повеќе тимови. Тоа што го видовме овој викенд со редење на возачи само за да бидат понапред, а видовме и 4 возачи кои се квалификуваа, а беа назад. Мислам дека ова треба да ни даде поттик за возачите да излезат и да се квалификуваат што е можно подобро. Најдобро е тие позиции од 16та до 20та да бидат според редот на квалификувањето отколку според тоа кога излегле на патеката. Мислам дека има решение. Ќе излезат и други решенија бидејќи ова е нова идеја – смета Чарли Вајтинг.


Планирана промена на правилата за квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>