Пирели веруваат дека оштетувањето на гумата поради кое Кими Раиконен не можеше соодветно да се брани против Луис Хамилтон во Италија било предизвикано од “совршена бура“ работи кои се поклопиле. Тимовите се тркаа на Монца недоволно подготвени откако првата тренинг сесија мина во ограничен број на кругови проади дожд, а на втората имаше и скусување поради црвено знаме.

Дел од екипите успејаа да комплетираат само серии од по 10 кругови, што очигледно не било доволно за целосно да се разбере што се случува со гумите во текот на трката.

Петок беше чуден ден со мокра прва тренинг сесија така што екипите целосно се псоветија на работата која треба да се заврши на втората сесија. Но, таму беше сударот на Маркус Ериксон кој ја прекина сесијата еден час, по што тешко моеа да надоместат, не можеа доволно да ги истражат двете компоненти и нивните делта времиња на олги серии со полн резервоар. Долгите серии беа од по 10 кругови, а потоа само се предвидуваше што би се случило, но тоа не е сосема точно – појасни Марио Исола, првиот човек на Пирели моторспорт.

Иако сите екипи имаа исто време за тестирање, гумите на Кими Раиконен особено многу страдаа на трка поради условите со кои само тој се соочи. По неговото едиснтвено менување гуми, тој мораше силно да притиска на свежите гуми за да не дозволи да биде миант од Луис Хамилтон преку боксот. Комбинацијата од тоа, плус фактот што долго време беше заглавен и задржуван од Валтери Ботас значеше деа ќе се појават блистери особено на неговата задна лева гума.

Софт компонентата е склона на таков вид оштетување (блистери) затоа што малку се троши, што значи дека во неа се собира многу топлина. Ако слеите друг болид, губите потисна сила и лизгата низ патеката. Спроедено со суперсофт кој има далеку повеќе грип и помалку лизга, тој не креира таков вид оштетување.

Исто така јасно е дека силните кругови од првиот круг кога беа монтирани гумите  беа нови придонесе да се забрза таквиот ефект – зврши Исола.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.