Пирели сакаат поголеми тркала и паметни гуми

152

Од Пирели откриваат дека се подготвени да воведа 18 инчни тркала и паметни гуми, се разбира доколку ФИА заедно со Либерти Медиа сакаат да ги имплементираат истите. Во моментов во спортот се користат тркала од 13 инчи.

Договорот на италијанците со Формула 1 е во траење од три години, потпишан во 2016 година, а завршува до крајот на следната тркачка сезона. Од 2011 година тие се единствен снабдувач со гуми.

Отворени сме за промени. Секако дека треба да ги најдеме вистинските правила и тоа што на тимовите им е потребно и се подготвени да го адаптираат – изјави Главниот извршен директор на Пирели, Марко Трончети Провера.

Секако дека доколку се промени големината на тркалата, само по себе тоа ќе бара промена на многу работи на самиот болид, како на пример суспензијата.

За било каква промена секако дека ќе ни требаат болиди за тестирање и полна програма. Мора да се развиваат различни болиди соодветни за поголеми тркала, амортизерите помеѓу суспензијата и тркалата треба да биде поинаква, се треба да биде променето и тестирано, а за тоа е потребно време.

Пирели најавуваат и употреба на таканаречените паметни гуми доколку тркачката серија го сака тоа. Тоа се пневматици со сензор во нив кои “во живо“ даваат многу податоци за состојбата на гумата.


Booking.com

Пирели сакаат поголеми тркала и паметни гуми

1 Коментар

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • IVICALUCKY
    Остави коментар

    Хахаха паметни гуми претеравте уште малце нема да има ни возачи што ќе ви се само трошок ви прават.ќе ја упропастите формула 1