Марио Исола од Пирели изјави дека очекува тимовите да одат на стратегија со едно менување на гуми на Унгарското Гранд При, но не отпишува ни други стратегии со оглед на големиот број неискористени мазни гуми кои останаа поради дождливите квалификации.

За време на петочните сесии времето беше сончево, а асфалтот топол, но во Сабота дождот врнеше за цело времетрање на квалификациите така што круговите беа возени со зелените интермедиа и сините гуми за силен дожд.

На трка се очекува повторно да биде топло, а асфалтот жежок, слично на петочните услови. Поради тоа што времињата на квалификации беа псотавувани со гумите за мокра подлога, сите тимови имаат слободен избор на гуми за старт на трката.

Времето на квалификациит кое почна со малку влажна патека, а дождот се засилуваше како одминуваа квалификациите им направи главоболка на екипите околу погодување на условите при предвидувањето со какви гуми за излезат за следните кругови. Како што одминуваа квалификациите, дождот се засилуваше така што стана јасно која компонента мора да се користи.

На трка очекуваме сув и топол ден и веројатно дека најголем дел од екипите ќе одат на едно застанување во бокс, но тоа ќе зависи од деградацијата на ултрасофт компонентата. Тимовите имаат слободен избор на гуми за старт и поради тоа се возможни различни стратегии што е уште еден елемент на непредвидливост – смета Исола.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.