Шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола, одговори на критиките од возачите во врска со хиперсофт гумите и нивната деградација и грип за време на петочните тренинг сесии. Имено, возачите се жалеа дека најмеката компонента на Пирели нема да издржи ниту еден летечки круг на квалификациите.

Мексико е една од трките каде италијанците се решија да го донесат хиперсофт, но топлото време во петок не влијаеше добро на најмеките гуми од гамата. Надморската височина заедно со температурата придонесе гумите на моменти буквално да се распаѓаат по Автодромот Ерманос Родригез. Брендон Хартли преку тимското радио рече дека гумите се како мастика кога возеше само 13 кругови со нив, додека Кевин Магнусен го констатираше истото по само 8 кругови.

Марио Исола одговори на криките сметајќи дека екипите точна знаат што да очекуваат од секоја компонента која е донесена на трка.

Имавме слични критики за гумите и пред една година на истава патека во Мексико. Гумтие силно деградираат, но не смее да се заборави дека годинава се бараа и се доставуваат помеки гуми од лани. Да бидат прецизен, хиперсофт компонентата е две скалила помека од најмеката компонента од гамата во 2017 година – објасни Исола за Speedweek.

Во врска со енормната деградација, Исола смета дека екипите треба да ја прилагодат тактиката и сетапот, а не да бараат вина во Пирели.

Ако трендот продолжи ќе има директен удел во стратегиите на екипите. Некои тимови треба да ги оптимизираат болидите да не бидат толку брзи во летечки круг на квалификации, но да бидат подобри и потрајни за трка. Засега се е јасно, тимовите треба да соберат повеќе податоци и тоа ќе се направи на саботната утринска сесија.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.