Пирели нема сигурна иднина во Ф1

144

Италијанскиот единствен доставувач на пневматици во Формула 1, Пирели, сака да продолжи соработка со најелитната тркачка серија и по 2019 година кога им истекува актуелниот договор, но не по секоја цена. Италијанците се во спортот од 2010 година кога ја превземаа работата од Бриџстон.

Главниот извршен директор на компанијата, Марко Трончети, на акционерското собрание ги извести сопственицитедек апартнерството со Формула 1 е одлично, но исто предупреди дека вклучувањето во спортот не мсее да биде по секоја цена.

Формула 1 добро за нас и среќни и почестени сме што сме таму, но дококу се почне со јавно наддавање, би сакале да останеме на разумната страна на трошоците – објаснуваат од Пирели.

Според Трончети, присуството на Пирели во моторспортот е огромно дури и без Формула 1 затоа што тие се единствен снабдувач во Супербајк, но подджуваат и околу 460 автомо-мото настани во светот годишно. Тој појасни дека компанијата нема да дозволи да стане заложник и би продолжиле во Формула 1 само под услови слични на оние кои ги имаат во моментов.

Со промената на доста правила низ годините, Пирели пред извесно време се пожалија дека немаат доволно време за да го развијат својот производ по што добија денови а тестирање од страна на ФИА, тестови кои ги иведуваат сите тимови со тековните болиди за нив.


Пирели нема сигурна иднина во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>