Оваа година повеќе возачи и тимови се жалеа од гумите на Пирели поради појавување на меури кои им ја отежнуваа работата на возачите, но италијанците најавуваат дека од претсојната сезона тоа нема да се случува.

Во 2019 година на гумите ќе има помал слој гума, а тие веќе беа тестирани на Јас Марина на крајот на сезоната.

На таа патека, може да се скријат разликите, но мислам дека сега ќе може да се почувствува разликата на повеќе патеки. Доколку направите споредба, само со намалување на гумениот слој веќе имате нови карактеристики.

Одлучивме тоа да биде дел од новите гуми и со тоа ќе се намалат меурите во Барселона, Пол Рикар и Силверстон. Во Барселона направивме споредба помеѓу тимовите, додека во Силверстон го тестиравме развојот помеѓу нормалните и намалените верзии и јасно беше дека нормалната има повеќе меури од намалената. Затоа верувам дека на некои патеки, нивото на енергија е повисоко и ќе ни треба потврда од повеќе нови гуми и тешко е да се спореди. Гумите не се револуција но сепак е голема промена во споредба со 2017 – појасни марио исола.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.