Доставувачот на гуми во Формула 1, италијански Пирели, најавува две влегување во боксот поради промена на пневматиците за време на денешната трка во Мексико Сити. Пирели на ерманос Родригез донесе хиперсофт, ултрасофт и суперсофт гуми со кои болидите треба да комплетираат 71 круг.

Хиперсофт на тренинг сесиите и квалификаиите се покажа како гума која многу брзо деградира и ги губи карактеристиките, така што првите шест возачи влегоа во К3 со ултрасофт гуми и така ќе стартуваат. Рено и Заубер се единствени кои ќе ја почнат трката на хиперосфт, избор кој Форс Индија намерно не го направи.

Пирели смета дена прва серија од 9 кругови на ултрасофт, а потоа две серии од по 31 круг на суперсофт е најбрз начин да се комплетира Мексиканското Гранд При. Алтернативно, брзо се завршува и со прва серија од 5 кругови на хиперсофт, по што би следувале две серии од по 33 кругови на суперсофт.

Можно е и да се заврши трката со само едно застанување во боксот и многу менаџирање на гумите откако ќе се тргне со ултрасофт со кои би се комплетирале 15-18 кругови, а потоа на најтврдите суперсофт до крајот на трката.

На трката се можни многу стратегии, најбрзо се комплетира со две застанувања во боксот, но можно е и со едно, сепак гумите треба внимателно да се менаџираат. Различните услови кои до сега ги имаше на патеата носат неколку отворени прашања така што стратегијата ќе биде многу важна – најави Марио Исола.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.