Снабдувачот со гуми во Формула 1, италијански Пирели, за Јапонското Гранд При кое е на програмата следниот месец одбра да донесе бел медиум, жолт софт и црвен суперсофт.

Мекларен имаа најконзервативен избор, Вандорн и Алонсо си обезбедија за себе по дури 4 сетови медиум гуми, Мерцедес, Форс Индија, Вилијамс, како и Гасли, Гросжан и Леклер добија по 2 сета, додека сите останати имаат по само еден сет за себе.

Алонсо и Вандорн, заедно со Макс Верстапен ќе имаат на располагање по 5 сетови софт гуми, маркирани со жолта боја. Возачите на Ферари имаат на располагање по рекордно малку софт гуми, само по два сета по возач.

Но, италијанците натрупаа по 10 сетови суперсофт најмеки гуми за своите возачи, а Алонсо и Вандорн само по 4 сетови.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.