Италијански Пирели реши да донесе три тврди компоненти за овогодинешното Бразилско Гранд При. На Автодромот Интерлагос крај Сао Паоло ќе се вози со белиот медиум, жолтиот софт и црвениот суперсоф.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во однос на најтврдата компонента, медиум, возачите се поделени помеѓу еден и два сетови од истите.

По четири сетвои софт за себе земаа возачите на Форс Индија и Мекларен, како и Карлос Саинз од Рено и Брендон Хартли од Торо Росо. На спротивниот крај се Валтери Бота, Ленс Строл, Кевин Магнусен и Маркус Ериксон кој за себе имаат на располагање по два сетови.

Најмеката компонента како и секогаш е најбарана. Освен возачите на Мекларен, сите останати имаат по 8 или 9 сетови за себе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.