Пирели задоволни од хиперсофт

77

Главниот на Пирели моторспорт, Марио Исола, откри дека новата хиперсофт компонента го направила токму она што се барало од неа, варијации во стратегијата. Монако беше прва трка на која се возеше со најмеката компонента во гамата на италијанците така што рекордот на патеката беше срушен уште од првата тренинг сесија во Четвртокот.

Не само што гумата се покажа како многу брза, но таа е и истрајна затоа што победникот Рикардо успеа да комплетира серија од 17 кругови на неа, додека седмопласираниот Пјер Гасли ги промени хиперсофт во 37от круг.

Видовме многу различни стратегии во Монако одошто претходните години со што улогата која ја имаше хиперсофт компонентата целосно ја оправда. Резултатот беа најдобрите времиња видено во Монако благодрение на гумата во која возачите уживаа во квалификациите и на трката.

Патеката константно се подобруваше така што возачите успеваа да извадам максимум од болидите во согласност со стратегиите на кои се наоѓаа – смета Исола.

Следното појавување на хиперсофт е веќе на следната трка, за две недели во Канада.


Пирели задоволни од хиперсофт

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>