Пирели задоволни од стратегиите во Баку

62

Марио Исола, првиот човек на Пирели, е задоволен од различните стратегии кои ги виде за време на Големата награда на Азербејџан со оглед на 3те компоненти гуми кои италијанците ги донесоа на трката.

Победникот Хамилтон започна на суперсофт со која возеше 22 кругови, промени на жолтиот софт, а кога се појави второто Безбедносно возило застана уште еднаш во гаражата и зема нови ултрасофт.

Исола е свесен дека поради климата во Баку било огромен предизвик да се задржи температурата во гумите, особено при рестартовите на трките, но сепак е свесен дека имале одлично шоу.

Имаше многу различни комбинации со стратегијата во Азербејџам и беше интересно да се видат трите компоненти како се користат заедно во текот на трката, во различни делови од истата.

Безбедносното возило имаше силно влијание врз текот на трката, но Ботас исто така успеа многу долга серија со суперсофт пред да му “кидне“ победата од Хамилтон кој ја искористи можноста и ги користеше сите три компоненти.

Со ладното време, долгите правци, жолтите знамиња и Безбедносното возило, менаџирање со темепратурата на гумите беше тежок предизвик, особено при рестартовите на трката.

Исто така, честитки до Формула 1 првакот Шарл Леклер за неговиот најдобар резултат во кусата Формула 1 кариера, 6то место – заврши Исола.


Пирели задоволни од стратегиите во Баку

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>