Пирели добива конкуренција на Тендерот на ФИА

436

Претседателот на ФИА, Жан Тод, потврди дека повеќе од еден производител се пријавил на Тендерот кој ФИА го објави, а во врска со снабдувач на гуми во Формула 1 од 2020 година до 2023 година. Шпекулациите говорат дека италијански Пирели конкуренција ќе добие во корејскиот Ханкок, откако Мишелин и официјално потврдија дека не сакаат да влезат во спортот.

Согласно условите во Тендрот, од новиот снабдувач со гуми се бара во 2020 година да доставува 13-инчни пневматици, а наредните две години 18-инчни.

Корејски Ханкок е познат на ФИА затоа што сотавува гуми во Европскаа Формула 3 серија, а во ДТМ има монопол од 2011 година.

Тендерот заврши вчера на полноќ, сеуште ги немам имињата на компаниите кои доставија свои понуди, но знам дека се работи за повеќе од една понуда. Веќе некое време, мислам дека беше Јули, дознав дека Мишелин нема да се наптреварува на овој Тендер – откри Тод.

ФИА ќе спроведе анализа на понудите следните две недели, а потоа ќе се донесе одлука.

Можам да потврдам дека сме заинтересирани за Тендерот и можам да потврдам дека поднесувме понуда. Техничкиот документ од ФИА е многу детален и ние сме подготвени да одговараме на било какви прашања.

Како што реков и во минатото, нашиот пристап е заедничка работа до најдобро можнос решение. Веројатно ќе има многу технички работни групи затоа што не само што 18-инчните тркала се дел од пакетот, туку и карактеристиките на истите треба да се објават.

Ни требаше некое време да го анализираме Тендерот, да ги подготвиме документите затоа што имаше многу техничките детали кои се бараа.

Пред 14 Септември ФИА ќе разговара со секој понудувач за да утврди дали е способен да доставува гуми или не. Се надевам дека по осум години во Формула 1 веќе стекнаа доверба во нас. Јасно е дека тоа е нормална процедура, а потоа следува втората фаза што е комерцијалне договор.

Комплицирано е затоа што има многу детали, не се работи само за деградацијата, таа е видлива, но иа многу вредности како на пример врвот на перформансите и тврдианта на гумите кои треба да се задоволат. Детали има премногу, а ние сме подготвени да ги задоволиме сите.

Техничкиот дел е доста голем предизвик затоа што се работи за 18-инчни тркала кои не смее да се загреваат со помошни ќебиња – потврди Марио Исола.


Booking.com

Пирели добива конкуренција на Тендерот на ФИА

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>