За предсезонските тестови во Барселона, италијанскиот доставувач со гуми во спортот, Пирели, ќе донесе 5 компоненти, кои во пресрет на тестот официјално ги објаснија.

Со цел да се поедностави изборот, сезонава Пирели наместо ланските 7, во својата гама ќе има на располагање само 5 компоненти, но за време на Гранд При викендите, трите компоненти кои ќе бидат достапни ќе бидат означени со само три бои. Со жолта боја ќе биде обоена најтврдата компонента, со бела боја средно тврдата, додека црвени ќе бидат најмеките достапни гуми.

Но, за време на тестирањето кое почнува на 18 Февруари во Барселона, тимовите ќе имаат на располагање 5 компоненти, од најтврда означена со Ц1 до најмека означена со Ц5. Боењата на најтврдата и најмеката компонента ќе биде во соодветната боја, но без страничното боење на ѕидот од гумата.

вообичаено ќе користиме само три бои на секоја трка и поради тоа ќе користиме и само три бои на тестот. но, сакаме да се осигураме дека луѓето ги разликуваат компонентите поради што најтврдата и најмеката компонента ќе биде без линиите односно страничното означување со боја. тоа ќе биде случај само на тестовите – објасни марио .

.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.