И покрај неизвесната иднина на Формула 1, Пирели се целосно посветени на спортот до 2023 година и имаат целосна верба во Либерти Медиа и нивната можност да го подобрат тркањето.

Сопственикто на комерцијсалните права сеуште ги нема комплетирано правилата кои треба да стартуваат од 2021 година и да го воведе спортот во нова ера. Пирели не чекаа на новите правила, победија на објавениот Тендер и ќе го снабдуваат спортот со пневматици до 2023 година.

има многу разговори за иднината на формула 1, новите болиди по 2021 година и промените, така што јас сум голем оптимист. нормално е за формула 1 кога следуваат некои толку големи промени да се обноват договорите помеѓу фом и тимовите, а тоа не е лесно, но среќни сме што ние се обврзавме на долг рок во формула 1 – изјави .

Од 2021 година се очекува наместо денешните 13-инчни тркала во спортот за прв пат да се појават 18-инчните и тоа без користење на ќебињата за загревање на гумите. Поради тоа, Марио смета дека Пирели треба веќе да почне да се подготвува за да ги испораќа саканите перформанси.

веќе почнавме со дизајн на новите гуми затоа што ние немаме време за чекање. мораме да адаптираме, одново да дизајнираме, а се ќе дефинираме подетално штом излезат новите правила. но, мораме да знаеме барем 80-90% од очекуваните перформанси на болидите колку што може поскоро. без таква информација нашата работа е тежок предизвик.

имаме две години пред нас пред да поченем со 18-инчните тркала така што важно е да го искористиме тој период. не смееме да губиме време и верувам дека ќе испорачаме добар производ – заврши италијанецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.