Потврди компоненти на пневматици би можеле да им понудат шанса на возачите да возат поагресивно во трките, смета шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола.

Со пневматиците за година, Пирели сметаат дека возачите ќе можат да возат поагресивно, наместо да се фокусираат на менаџирање на истите.

Тимовите ги пробаа гумите на Пирели за 2019 година во пост-сезонскиот тест во Абу Даби минатата недела, додека италијанскиот производител ги финализира компонентите за првата трка во Австралија наредната година.

Иако тимовите сеуште ќе имаат избор на три компоненти за секоја трка, Пирели би можеле да понудат потврди компоненти во однос на 2018 година со цел возачите да имаат шанса да возат поагресивно, наместо да се фокусираат на чување на пневматиците, дури и сеуште да следиме трки со едно застанување во бокс.

Сакам возачите и тимовите да бидат вклучени во изборот, бидејќи не е јасно сеуште во која насока ќе се движиме наредната година, доколку одличиме да бидеме поконзервативни.

Оваа година повеќето трки имаа едно застанување во бокс. Избравме помеки и помеки компоненти. А тимовите ги менаџираа се повеќе и повеќе. Дали е добро е да се продолжи со таков пристап или да прифатиме дека ќе имаме трка со едно влегување во бокс, но можеби треба да избереме потврди и да им овозможиме на возачите да бидат поагресивни?

Ако ме прашате мене, подобро е да се оди во оваа насока. Прифативме дека имаме трки со едно влегување, но барем ќе им овозможиме на возачите да нападнат – изјави Исола.

Исола вели дека дополнителните промени кон техничките правила за 2019 година, вклучувајќи го и новиот аеродинамичен пакет, исто така ги натерале Пирели на поконзервативен избро на пневматици за трките наредната година.

Следната година ќе имаме нов аеро пакет. Не е јасно дали ќе има голема разлика или не, само собираме податоци.

Ќе имаат 5 килограми повеќе гориво на располагање, затоа помалку ќе го менаџираат тоа. Знаеме дека во некои трки мораа да го менаџираат тоа, бидејќи не беше доволно да се заврши тоа.

Мора да го земеме целиот пакет во предвид. Со повеќе гориво, можат да бидат поагресивни, а во тој момент, можеби е подобро да имаме постојан избор на пневматици и тие да се борат на патеката, наместо со влегување во бокс.

Влегувањето во бокс е дел од трката, но мислам дека сите сакаат претекнувања на патеката, наместо во боксовите – додаде Исола.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.