Луис Хамилтон по петти пат е Светски Формула 1 шампион благодарение на 4то место освоено на Мексиканското Гранд При и залихата на поени која ја имаше во претходните 18 трки. Себастијан Фетел беше повеќе од достоен конкурент и го притисна британецот, но имаше некои грешки во вториот дел од сезоната. Во продолжените, топ 5те клучни моменти за 5та титула на Луис Хамилтон.

АЗЕРБЕЈЏАН

Мерцедес беа во криза и ја имаа најдолгата низа без победа во турбо хибритната ера од 3 трки, додека Хамилтон немаше победа на шест тркачки викенди. Фетел имаше пол позиција и доминираше до Безбедносното возило кога му го препушти водството на Валтери Ботас. При рестартот се обиде агресивно да мине по што падна на 4то место, потоа откажа и гумата на Ботас по што Хамилтон “ни крив ни должен“ победи на трката во клучен момент за него.

ГЕРМАНИЈА

Хидрауликата на Луис откажа на квалификациите по што тој мораше да тргне од 14то место. Се пробиваше низ болидите многу лесно, но потоа почна да врне. Се позиционираше зад болидите на Ферари, тоа по се изгледа беше доволен притисок на Фетел непритиснат од никого да излета на Sachs Kurve, по што Луис ја однесе победата.

ИТАЛИЈА

Ферари беа најбрзи на домашното Гранд При, а Кими Раиконен ја освои пол позицијата. Црвените болиди се бореа на стартот, Хамилтон искористи и мина еден од нив, оној на Себ, но кога германецот сакаше да ја врати позицијата, се изврте и продолжи од послендото место. Раиконен беше изолиран и притиснат од британецот на кој не му требаше многу време пред да го мине и да победи.

СИНГАПУР

Мерцедес не беа нешто посебно спектакуларни во Сингапут, но кругот на Хамилтон потсети зошто е најбрз возач на квалификации подобрувајќи го претходниот рекорд на патеката за цели 3 секунди. Следуваше лесна неделна победа.

РУСИЈА

Луис немаше најдобар ден, Ботас беше побрз од него цел викенд, но Мерцедес се погрижија тоа да не биде така. Финецот имаше пол позиција и доминираше, а Луис беше под притисок од Фетел. Тимските наредби донесоа промена на позициите во Мерцедес, Валтери го задржа Себастијан, а Хамилтон повторно победи.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.