Повеќе од 45.000 фанови на Кими Раиконен потпишаа петиција на интернет со апел до Ферари да го задржи финскиот ветеран и следната сезона во тимот и да не го менува со Шарл Леклер како што е тоа најавено. Петицијата е спроведена преку сајтот change.org под наслов “Ferrari Should Keep Kimi Raikkonen For Another Year!“ и смета дека замената на искусниот 38-годишен финец е неоправдано и дека негово останување е потребно за баланс во тимот.

Кими неколку пати беше подобар од Себастијан Ветел со што покажа деа е во форма, а по трката во Монца сите тоа го видоа – смета Кристи Џон, организаторот на Петицијата.

И покрај големиот број потписи кои ги собра петицијата, шпекулациите велат дека замената на Кими е веќе од поодамна договорена за 20-годишниот Шарл Леклер, возач од Академијата на Ферари родум од Монте Карло, но официјална потврда од секоја страна сеуште нема.

Раиконен во моментов е најстариот возач во спортот, но во исто време е и последен возач на Ферари кој освоил титула, а секако по бројот на фановите е и најпопуларен возач на гридот. Ледениот човек како што го нарекуваат има посебен и несекојдневен однос кон медиумите, секогаш дава куси одговори, ако воопшто и ги дава, поради што е многу интересен за фановите.

На Италијанското Гранд При, Кими освои пол позиција иако сите тоа го очекуваа од Луис или Себ, го имаше најбрзиот круг на патеката и заврши на 2ро место доаѓајќи до својот 100ти подиум финиш во кариерата.

Откако се вратив во Формула 1 лани можам да забележам дека Кими се разведрил, се забележува по ситниците, минува повеќе време со фановите давајќи автограми и се смее на камерите, нешто што не беше замисливо за него во минатото. Годинава исто така и вози најдобро откако се врати во Ферари во 2014 година – изјави рос Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.