Перeз гледа сличности со Макс

111

Серхи Перез смета дкеа скорешните маки на Макс Верстапен годианва го потсетуваат на неговиот тежок период минат во тимот на Мекларен. Од почетокот на сезоната, Верстапен има инцидент на сите 4 трки, а кулминација доживеа во сударот со тимскиот колега низ улиците во Баку.

Чеко влезе во спортот преку две години минати во заубер по што отиде во Мекларен, каде “траеше“ само една сезона кога беше победуван од Џенсон Батон и заврши на 11то место кај возачите.

Ако анализирам, тоа ме чинеше навистина многу во однос на репутацијата затоа што сите знаеја дека Џенсон секогаш ме победуваше, но никој не памти дека јас секогаш го пбоедував на квалификациите и да не беа моите неискусни грешки ќе беше многу подобро.

Бев фрустриран што Мекалрен не беа толку брзи како што велеа дека ќе бидат, ми кажа многу работи кои не ги исполнија, а јас загубив многу поени поради тоа.

Мислам дека Макс на последните некоку трки е многу нетрпелив. Ги нема потребните перформанси на болидот на кои се надевал и дава премногу, се туди премногу по што доаѓа во лоша ситуација. Во таа негова ситуација искуството навистина многу помага. Гледајќи го Рикардо на подиумот во Кина беше огромен удар за Макс така што сигурен сум дека ќе научи од грешките и ќе се врати посилен. Тој е интелигентно момче и знае да се грижи за себе.

На некој начин знаете дека кога Макс е зад вас може да направи нешто лудо, барем ќе се обиде. Сепак, во најголем дел од случаите тој има контрола врз тоа што го прави. На последните неколку трки не беше баш така, но сигурен сум дека ќе порасне и ќе научи многу затоа што очигледно е дека е силен возач кој сака да се трка – заврши Перез.


Перeз гледа сличности со Макс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>