Перeз смета дека 9то е добра награда

62

Серхио Перез имаше тешки квалификации во Сабота што го остави да ја почне трката од 15то место, но успеа да се избори за поени и да надомести. Мексиканецот беше на 13то место во првата серија пред да промени гуми,

Добро тргнав, но прешироко влегов во делот кај инцидентот на Гросжан и загубив неколку позиции што навистина ја искомплицира работата за мене затоа што ме стави зад доста побавни болиди.

Потоа направивме точна стратегија, особено моментот кога се решивме да промениме гуми под Виртуелно безбедносно возило – смета мексиканецот.

Лош момент во трката на Чеко беше кога налета директно врз остатоците од болидот на Макс Верстапен, но за среќа немаше инцидент налик на оној на Ботас од претходната трка.

Удрив во еден остаток од болидот на Верстапен и имав оштетување, се мачев доста со вибрации во болидот и имав среќа да си ја задржам позицијата. Беше тешка трка, но стигнав до два поени во вакви услови што не е воопшто лош резултат. Добро е да се донесат поени откако ќе ја почнете трката толку позади. Достојна награда за така тешка трка – смета Перез.


Перeз смета дека 9то е добра награда

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>