Перез: Финансиите во Форс Индија се критични

56

Серхио Перез откри дека финансиската ситуација во Форс Индија е критична и дека неговата одлука за следната година во многу зависи од тоа како ќе биде решена состојбата во екипата. Името на мексиканецот се става во комбинација за возачко место во Хаас како замена за индиспонираниот Роман Гросжан.

За Чеко, тимот од Силверстон сеуште е прва опција, но финансиите кои го забавуваат развојот на болидот може да придонесат во несигурноста.

Во моментов ситуацијата е многу критична, не е тајна дека финансиските проблеми навистина не забавуваат во развојот. Ако ги погледнете резултатите, затоа што во Формула 1 тие се најважни, ние сме на 5то место, а не знаете колкави финасиски проблеми имавме поради кои не можеме да го покажеме нашиот потенцијал.

Дефинитивно сакам да видам што ќе се случи во периодот кој следи, што ќе се случи во тимот, затоа што ова е одлична екипа. Не брзам затоа што знам дека се наоѓам во одлична позиција и порано или подоцна се ќе се реши – изјави Перез.

Се посилни се шпекулациите дека тимот ќе биде продаден, така што и тоа е нешто што може да биде поврзано со одлуката на Серхио.

Секако дека има одреден период во кој може да чекам, но во текот на летото ќе добијам добра идеја затоа што ќе се случува овде, а потоа ќе донесам чиста одлука.


Перез: Финансиите во Форс Индија се критични

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>