Формула 1 историјата е полна со возачи кои направиле погрешна одлука во погрешно време што негативно влијаела на нивните кариери, а Серхио искрено призна дека донел погрешна одлука во своето минато.

мислам дека со талентот што го имам досега требаше да постигнам големи работи, но во исто време знам дека во формула 1 многу работи се поврзни со тајмингот затоа што можностите се ограничени во однос на тимовите за кои може да возите.

2012 година беше голема година за мене и веројатно го одбрав погрешниот тим тога, а тоа многу влијаеше на мојата кариера – се осврна мексиканецот на своето минато и одличната дебитантска сезона во Заубер по која мина во Мекларен.

Таа година Чеко беше откритие на сезоната, беше втор во Малезија и Италија, а трети во Канада по што неговата вредност се зголеми. Како член на Академијата на Ферари, стана јасно дека во еден момент од кариерата ќе добие повик од Маранело, но се појави Рон Денис и го намами Перез во Вокинг.

иднината изгледаше одлично, тогаш дојде мекларен и работите не испаднаа како што требаше, беше кошмар, болидот беше лош и возев против џенсон батон кој поради искуството беше добар и со неконкурентен болид.

првиот дел од сезоната не беше добро, но во вториот дел станав подобар и го победував. се случија многу работи во мекларен таа година што значи дека немаше повеќе место за мене.

За крај, тој појаснува дека му е криво за лошата ситуација која владее во Мекларен во моментов, но е свесен дека доколку не се наоѓа во тим од големата тројка, Форс Индија е вистинско место за него.

откако дојдов во форс индија, кој крајот на секоја година сум без договор и секоја година добивам понуди од други екипи. некои добри екипи се интересираат за мене што е добро и ме прави горд. носам резултати на патеката, последните две години сум најдобар од останатите и ако не сум во мерцедес и ферари, веројатно најдобро е да сум во форс индија – заврши перез.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.