Серхио Перез, возачот на Форс Индија, се квалификуваше во Сингапур како најдобар од останатите завршувајќи ја сесијата на 7мо место, по што бил изненаден, но и мотивиран да заврши во поени 8ма трка по ред.

Кругот на мексиканецот беше две секунди од пол позицијата на Хамилтон, но беше 3 десетинки побрз од кругот на неовиот најблисок ривал, Роман Гросжан.

Изненадени бевме со пласманот, не очекувавме да сме толку брзи, дефинитивно новините кои ги донесовме работат добро. Четири десетинки сме од Хаас и од Рено што е одлично.

Коцките се споија за мене, имав силен круг, а да се има така добар круг овдека никогаш не е лесно затоа што гумите се под голем стрес, а морам да го пофалам и тимот кој заврши фантастична работа денеска.

Речиси да имав совршен круг на патека каде е многу тешко да се постигне тоа и најдобро е што сме пред нашите конкуренти, веднаш зад најсилните три тимови.

Нашата предност во однос на Хаас е четири десетинки, а во однос на Рено е шест десетинки така што очигледно е дека нашиот последен аеродинамички пакет прави разлика. Патеката вообичаено ни одговара така што задоволен сум од покажаното.

Трката ќе биде долга, секогаш трае околу два часа и никогаш не е здодевно на Сингапур затоа што има инциденти и Безбедносни возила кои влијаат на резултатот. Цел е да стигнеме до крајот, да избегнеме грешки и да се надеваме дека 8ма трка по ред ќе финишираме во поени.

Почеток со хиперсофт не е идеално, ранлив сум од позадина од возачите кои имаат слободен избор на гуми, но позицијата на патекае е клучна овдека, слично на Монако така што преферирам да сум напред одошто да бркаме некого – смета Чеко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.