Серхио , возачот на Форс Индија, е задоволен што помогнал на тимот да го задржи 7то место кај конструкторите на последната трка од календарот возена во Абу Даби.

Мексиканецот стартуваше од 14то место по тешките квалификации, но со помош на одличен ритам напредуваше, а на крајот беше многу блиску да го мине и Шарл Леклер за 7то место на трката. Тимот беше под притисок на последната трка затоа што постоеше шанса Алфа Ромео Заубер да им го превземат пласманот во конструкторскиот поредок.

Кога Маркус Ериксон се откажа од 24от круг, одеднаш се зголемија шансите за задржување на местото кај конструкторите на тимот, но откажувањето на Естебан Окон беше шок за нив.

со оглед на се што се случи викендот, задоволен сум што завршив во поени. среќен сум со болидот и со ритамот кој го имавме, но не го решивме во целост проблемот со балансот и мислам дека имавме ошттување некаде на шасијата.

стартот на трката беше многу важен и по одличен прв круг бев во топ 10. потоа, стратегијата се одвиваше согласно планот и мој главен конкурент беше леклер. бев многу блиску до него последните кругови, но не бев доволно брз да го минам.

задоволен сум што го заштитивме 7то место кај конструкторите и беше многу важно да ја завршиме сезоната со поени – објасни перез.

“Розевите“ ја завршија сезоната со само 4 поени пред Заубер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.