Перез среќен што има неколку опции за 2019

87

Серхио Перез вели дека постојат алтернативи од Форс Индија за 2019 година, иако мексиканецот ја гледа својата сегашна екипа како најдобра опција. 

Иднината на Форс Индија е обезбедена од групација на инвеститори, водени од милијардерот Лоренс Строл, но инволвираноста на канаѓанецот најверојатно ќе доведе до трансфер на неговиот син наредната сезона од Вилијамс во Форс Индија.

Тоа би значело дека Перез или Окон ќе мора да го напуштат тимот. Перез има голема спонзорска подршка од околу 15 милиони долари, додека Окон е подржан од Мерцедес. Перез вели дека ги разгледува своите опции.

Среќен сум што имам неколку опции. Очигледно дека би сакал да возам во двата врвни тима, Ферари или Мерцедес, но тоа е многу неверојатно за наредната година, така што гледам кон најдобра опција каде што ќе можам да го покажам мојот талент.

Последниве две години, во кои бевме најдобри од останатите, сакам само да видам што е можно за наредната година, кои тимови ќе имаат слободно место, а потоа ќе одлучам.

Дефинитивно ќе почекам, бидејќи мислам дека тимот го има најдобриот потенцијал од сите останати, со исклучок на врвните три екипи – изјави Перез.


Перез среќен што има неколку опции за 2019

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>