Серхио Перез, возачот на Форс Индија, верува дека екипата може да го подигне нивото во 2019 година доколку се зголемат инвестициите.

Екипата на средина од првенството влезе во постапка на администрација пред да биде превземена од Конзорциум на чело со Лоренс Строл. Чеко верува дека инвестициите од Строл во многу ќе го подобрат тимот.

ќе биде многу важно како ќе стартува екипата следната година. вообичаено нашите силни страни доаѓаат до израз на средина од сезоната и на крајот од истата, но за да бидеме поконкурентни ни треба силна база од почетокот. тоа може да направи голема разлика.

екипата беше многу успешна со оглед на ограничувањата кои ги имаше последните години кога завршувавме како најдобри од останатите. екипата беше 4то место и поради тоа сме многу охрабрени и имаме големо очекувања за во иднина.

мислам дека со нивото на инвестиции коа се очекува, ќе ја почнеме сезоната многу силно и ќе го подигнеме тимот на друго ниво – се надева чеко.

Запрашан колку може да се доближи Форс Индија до топ 3 екипите со помош на милионите на Строл, Перез одговори:

лоренс знае и може да го стави тимот на следното скалило до врвнит етри екипи. ќе треба да се бориме против огромни буџети, големи фабрики, но верувам дека со вистинска инвестиција и менаџмент, екипата ќе стане “сериозен играч“ во иднина. оптимист сум дека следната година ќе напредувме.

лоренс е голен ентузијаст и голем оптимист во врска со тимот и сака да бидеме уште подобри. го разбира тркањето и верува дека направил одлична зделка. сакам да бидам дел од следната генерација на тимот затоа што иднинатае ветувачка.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.