Серхио потенцираше дека му треба силен викенд во за да надомести за фактот што заврши без поени во Мексико.

Поради откажување на сопирачките на Автодромот Ерманос Родригез тој не освои поени на домашната трка и ја заврши серијата од топ 10 пласмани која ја започна во Русија.

тркањето во бразил секогаш е посебно затоа што тоа е местото на мојот идол аиртон сена. патеката е преполна со историја, а на денот на трка фановите даваат огромна поддршка. Има посебна атмосфера во градот за време на тркачкиот викенд и ако имаме среќа посетуваме одлични ресторани со фантастична храна – откри перез.

Мексиканецот смета дека Автодромот Јозе Карлос Паце бара голема прцизност во возењето, но и компромис поради нерамната природа на асфалтот.

интерлагос е навистина забавна патека, вистинска формула 1 класика. кругот е кус со добар тек и мора да бидете прецизни во секој свиок, во спротивно времето е лошо.

има многу интересни кривини, а последниот лев свиок е особено важен за фаќање залет за нагорнината која следи. треба да пренесете колку што можете повеќе брзина на правецот за да го нападнете првиот свиок.

патеката е вистинска возачка патека, забавна за возење, но нерамна е и ме потсетува на картинг патека на некој начин. ви треба болид со стабилен заден дел и со мало подуправување за да можете да ги правите промените во насоката на движење во средниот сектор. времето исто така може да биде интересно, знае да е топло и влажно, но силно да врне. мене таа непредвидливост ми одговара.

Првите прогнози велат дека ќе врне во Сабота и Недела, а при такво време пред две години Чеко стигна до 4то место со својот болид. Овој пат “го брка“ Нико Хулкенберг кој е на 12 поени пред него за и оваа сезона да биде најдобар од останатите.

имавме тешки трки во остин и мексико каде не го максимизиравме потенцијалот и испуштивме добри поени, особено во мексико. сеуште имам за цел да бидам најдобар од останатите кај озачите, а за то ми треба силен викенд – заврши перез.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.