Перез сака решена иднина пред Сингапур

76

Серхио Перез изјави дека се надева оти ќе ги објави плановите за својата иднина пред следното Гранд При кое ќе се вози низ улиците на Сингапур, две недели по Италија. Најреална опција е останување на мексиканецот во Форс Индија.

Се очекува Чеко да биде тимски колега на Ленс Строл во Рејсинг Поинт Форс Индија во 2019 година, а Естебан Окон да не биде дел од екипата.

Се надевам дека до трката во Сингапур ќе бидам во состојба да ги објавам моите планови и да претанат сите шпекулации – јасен е Серхио.

Веројатноста Ленс да му биде тимски колега не го плаши и тој не гледа проблем да вози заедно со синот на газдата на екипата.

Јасно е дека Строл сака да дојде тука затоа што гледа одлично место за својо син, но во ист време ивнестира и многу пари затоа што сака успешна екипа, успешна за двајцата возачи. Јас верувам во овој проект затоа што ги познавам луѓето.

Работам со сите веќе пет години, не би се опуштал доколку не ги познавав луѓето. Знам колку е конкурентна оваа екипа, го познавам Лоренс кој планира да дојде и да ја подобри екипата со ивнестиции кои се исплатуваат. Немам никакви проблеми со него – заврши Перез.


Booking.com

Перез сака решена иднина пред Сингапур

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>