Кога дошол моментот да одлучи каде ќе вози оваа сезона, Серхио Перез сметал дека Рејсинг Поинт имал повеќе да понуди одошто Мекларен.

Минатото лето, за време на целиот период кога се одлучуваше иднината на Форс Индија, шефот на Мекларен, Зек Браун, го имаше возачот на својата листа за 2019 година. Но и покрај обидот од Вокинг да се врати кон своите славни денови, Перез сметал дека Рејсинг Поинт со новото лидерство под Лоренс Строл, нуделе подобра иднина одколку враќањето во Мекларен за кои се тркаше во 2013 година.

Мекларен е одличен тим, им недостига малку време, но тоа што ме убеди е иднината.

Во оваа екипа сум толку долго време, се чувствувам удобно и гледам светла иднина. Се инволвирав толку многу во екипата, со административниот период, новите сопственици и сметав дека можам повеќе да направам за овој тим и среќен сум со мојата одлука за уште една година.

Подготвен сум да ги дадам своите најдобри години во тимот и да го направиме следниот чекор. Тоа е главна цел за нас.

Изненаден сум со Рејсинг Поинт. Но исто така изненаден сум и од нашите перформанси, колку сме блиску, вклучувајќи ги сите проблеми кои ги имавме. Не треба да сме во оваа позиција во која што сме.

Но тоа што сме тука, е импресивно и мислам дека сите треба да се загрижат за нас следната година.

Сега е време кога треба сите да испорачаме на ново ниво. Мора да го извадиме сиот потенцијал и тоа е голема работа за нас. Мора да бидеме подготвени, целиот тим, да го направиме следниот чекор – вели Перез.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.