Серхио откри дека неговиот однос со веќе поранешниот тимски колега, Естебан Окон, никогаш не бил добар.

Тандемот возеше за Форс Индија последните две години и ја донесоа екипата до 4то место во проедокот во 2017 година, пред да завршат на 7мо место во 2018 година откако им беа одземени сите поени на половина од сезоната. Тензиите помеѓу мексиканецот и французинот раснеа по сударите во Баку и на Спа лани, по што беа воведени тимски наредби за да се менаџира со резултатите. Последниот судар помеѓу нив беше во првиот круг во Сингапур сезонава.

да бидам искрен никогаш не сме имале добар однос. двајцата сме големи професионалци, но не минувавме време заедно надвор од болидите и патеката, тоа беше реткост. со моите партнери пред него имав многу пвоеќе и поотворен контатк надвор од трките.

со нико хулкенберг беше тешко, бевме конкурентни и се обревме, но се согласувавме. кога не сме тимски колеги, одеднаш односот станува подобар. некои возачи не го разликуваат она што се случува на патеката и надвор од неа, зависи, сите се различни – смета перез.

Окон веќе го загуби своето место во тимот од Ленс Строл и следната сезона нема да биде дел од гридот, што значи дека единствено ќе биде резервист на фабричката екипа на Мерцедес.

не го знам ленс надвор од контактот што сме го имале на гридот до сега. во формула 1 секогаш е тешко да се подготвите за некој возач затоа шт 95% од резултатит се праби во болидот. тој имаше очајна сезона, но сето тоа е проади болидот и мислам дека на вилијамс им беше претешко сезонава.

но, тоа дете дефинитивно има талент, беше на подиум на врнежлива трка, секогаш е при врвот кога има такви трки, доаѓа во одлична екиап со одлични инженери. мислам дека ќе има одличен болид со голем потенцијал – заклучи чеко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.