Серхио не е загрижен дека Ленс Строл ќе биде фаворизиран во Рејсинг Поинт претсојнава сезона поради тоа што конзорциум на чело со неговиот татко ја превземаа екипата по летната пауза лани.

Мексиканецот е дел од тимот кој претходно се тркаше под името Форс Индија од 2014 година, неколку пати заврши на подиум за нив, а 2018 година заврши на 8мо место, зад Нико Хулкенберг од Рено. Следната година Чеко ќе вози во тандем со Строл кој се тркаше за Вилијамс последните две години.

во сечиј интерес е, вклучително и на сосптвениците на екипите, овој тим да биде успешен. со оглед на ивнестициите кои ги направија, ќе требаат два успешни и силни болиди за да се донесат добри резултати.

двајцата треба напорно да работиме, треба заедно да работиме за да го однесеме тимот колку што може подалеку. сите тоа го сакаат – смета перез.

За помладиот Строл, Серхио изјави:

не го знам многу како возач, во формула 1 е многу тешко да се подготвите за возач од друга екипа. 95% од резултатите се прават во болидот, тој очигледно имаше лоша 2018 година, но тоа беше поради лошиот болид и проблемите на вилијамс,

но, тој е талентиран, беше на подиум и секогаш е конкурентен. ќе дојде да вози за екипа со едни од најдобрите инженери на гридот и мислам дека е во одлични раце да го оствари својот птоенцијал.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.