Серхио Перез неодамна изјави дека знае што ќе прави следната Формула 1 сезона, а сега дополни дека е сигурен оти нема да се врати во Мекларен, кои ионака за следната сезона го оформија тимот потпишувајќи со Карлос Саинз и Ландо Норис. Првиот човек на Мекларен, Зек Браун, најави дека како замена за за Нандо се планираат Кими Раиконен, Даниел Рикардо, а во комбинација бил и Чеко ПЕрез.

Интерес постоеше и беше од Мекларен, не од мене. Јас знам каде ќе возам и каде ја гледам својата иднина. Веќе имам договор потпишано и нема да менувам ништо. Никогаш не покажав интерес да се вратам кај нив, задоволен сум со ситуацијата во која се наоѓам и не гледам причина да заминам. Мекларен се реформира и мислам дека ќе им треба долго време за тоа.

Сметам дека ако не можам да бидам во Мерцедес или во Ферари, тешко е да најдам подобро место за мене од екипата во која моментално работам – најави Перез.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.