Серхио Перез, мексиканскиот возач на Форс Индија, смета дека тимот треба да го задржи скорешниот моментум во пресрет на Големата награда на Сингапур. Двојните поени во Италија се доволен показател за напредокот на тимот откако дојдоа новите сопственици.

Сингапур е посебен настан и мислам дека нема таква друга трка на светот. Градот едноставно врие, а патеката изгледа неверојатно кога сите рефлектори се вклучени.

Хотелот е блиску до падокот така што одиме пешки до патеката и тоа е одличен начин да се види градот и да се доживее атмосферата, нешто што не е возможно на било кое друго место.

Самата трка е многу напона за телото. Кога сте во болидот тешко се дише и многу се потите. Трката е најдолга во календарот во однос на времето мианто во кокпитот поради што физичката пдоготвеност е многу важна.

Најдобра подготовка е добар сон и константна хидратација. Чудниот распоред ја прави трката посебна особено на почетокот од неделата, но по неколку денови сите се првикнуваме – изјави Чеко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.