Серхио Перез смета дека ситуацијата во која се наоѓа Фернандо Алонсо најдобро ја отсликува состојбата во Формула 1 во моментов.

Мексиканецот е разочаран што двократниот првак ќе замине од Формула 1 на крајот на оваа година, а пред себе има уште една трка, Големата награда а Абу Даби. Шпанецот имаше добар почеток на кариерата, имаше две титули по ред со фабричката екипа на Рено, потоа мина во Ферари каде во два наврати беше блиску до наслов, а од 2015 година е во Мекларен во период кога екипата од Вокинг е многу слаба.

Промените на добавувачот на мотори од Хонда на Рено требаше многу да ги подобрат перформансите, но од Сингапурското Гранд При во 2014 година, последната сезона со Ферари, тој нема подобро место од 5то на крајот од трката.

неговата форма покажува колку е лоша формула 1, еден од најдобрите возачи на светот се бори во средината од поредокот и се мачи да стигне до некој поен на секој викенд. ставете го во друг болид и ќе ви донесе титула, аква е формула 1 во моментов и сите сме во истиот чамец.

имаше среќа во кариерата да вози конкурентени болиди и да стигнува до победи и титулим многу е талентиран и заслужува да го има успехот кој го има во својата кариера и му посакувам се најдобро – објасни чеко.

Следната сезона Фернандо ќе ја доврши оваа година почнатата Ендјуранс сезона каде вози за Тојота, но со Мекларен ќе се обидат и да победа на Индијанаполис 500.

тој е одличен возач и фантастична личност, одличен карактер, сака да се трка и имам огромна почит за се што направил до сега и што сака да го направи во моторспортот. мислам дека е голем карактер и ќе биде штета што ќе го загубиме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.