Перез изненаден од брзината на Заубер

101
   

Серхио Перез од Форс Индија призна дека е многу изненаден од ритамот и брзината на Алфа Ромео Заубер која швајцарците ја имаа во Русија откако беа најдобри од останатите на крајот од трката. Мексиканецот ја почна трката од 8мо место крај Шарл Леклер, а зад неговиот колега Окон.

Во текот на трката Чеко беше минат од двајцата возачи на Ред Бул кои реално беа далеку побрзи од него, потоа заедно со Окон паднаа надвор од поени, но имаа ритам за да не дозволат Рено да ги минат откако Хулкенберг многу доцна се реши на влез по нови гуми. На крајот тимот повторно дојде до двојни поени иако вкупно 3 од двајцата возачи.

Долго време се следевме еден со друг иако екипата правеше се за да стигне до максимален резултат. Ми дадоа шанса да го притиснам Кевин Магнусен затоа што во тој момент мислевме дек сме побрзи, но не минав. Јас ја разбирам таа одлука затоа што моравме да се обидеме да земеме некој поен повеќе – објасни Серхио.

Откако почна во истиот ред со Леклер, Чеко откри дека бил изненаден од брзината не болидот на екипата на Заубер за која возеше во 2011 и 2012 година.

Заубер дојде од никаде и не “растури“. Направиле одлична работа, а јас го видов Шарл Леклер само во првиот круг кога далеку исчезна. Бев многу изненаден, но да видиме што ќе се случи во Сузука која е различна патека и се надеваке дека ќе бидеме поконкурентни таму.

Откако им беа одземени сите поени, во мометов Форс Индија се 7ми во поредокот со 35 поени, а целта им е да завршат пред Мекларен.


Перез изненаден од брзината на Заубер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>