Перез: Знаевме дека ќе биде тешко во Недела

21

Серхио Перез е разочаран од резултатот на трката во Унгарија од каде си замина на 14та позиција и немаше можност да се бори поради лошите квалификации кои го оставија без добра стартна позиција. Возачот на Форс Индија стартуваше од 18та позиција и на самиот старт имаше контакт со Шарл Леклер, но не можеше да напредува повеќе од 14то место до крајот зад Естебан Окон.

Не беше идеален ден за нас, но знаевме дека не чека тешка недела. Стартувавме од крајот и моравме да избереме агресивна стратегија, но на крајот и немавме брзина за повеќе. Имав добар старт, изгубив неколку позиции по контактот со Леклер и потоа беше тешко да се вратам назад бидејќи на оваа патека нема многу место за претекнување – смета Чеко.

Перез е задоволен бидејќи дојде летната пауза бидејќи последните неколку месеци му биле доста напорни, и посебно поради постапката со која тимот влезе во стечај. Тој се надева дека паузата е добра за сите се до крајот на август кога е следната трка во Белгија.

Драго ми е што дојде летната пауза. Последните месеци беа психички тешки но ја сум сеуште тука и во топ 10. Ќе бидеме посилни после празниците со вистински и стабилен пристап.


Перез: Знаевме дека ќе биде тешко во Недела

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>