Перез задоволен со казната на Окон

134
   

Серхио Перез од Форс Индија не е задоволен од своето издание во Силверстон иако одлично се избори откако првиот круг беше последен. По контактот на третата кривина возачот на Форс Индија се изврте и беше минат од сите болиди, дури и од Вилијамс кои трката ја почнаа од бокс.

На крајот, ја загуби борбата за поени, но по крајот на трката Пјер Гасли доби казна за дуелот со него, по што мексиканецот беше унапреден во поени.

Не можам да бидам целосно среќен и задоволен со трката. Инцидентот од почетокот ми ја уништи трката, го загубив задниот дел и се обидов да ги избегнам инцидентите пред мене, но се извртев и се вратив како последен.

Потоа имавме силна трка, добар ритам и претекнавме многу болиди. Искористивме максимално од Безбедносните возила и се вративме во поени – објасни Перез.

На крајот од трката тој имаше жестока борба со французинот Гасли по што беше истуркан надвор од патеката и загуби позиција. Пјер доби казна, а Чеко е задоволен од одлуката на ФИА која му донесе поен.

На два кругови пред крајот Гасли ме истурка од патеката иако му дадов доволно простор, но имавме контакт и јас загубив позиција.

Веруван дека тој направи нефер потег и поради тоа сум задоволен со одлуката на ФИА по трката според која го казнија Гасли и јас добив поени.

Во моментов сакам да се одморам по трите последователни трки, да ги анализираме трките и да се вратиме посилни во Германија – заврши Серхио.


Перез задоволен со казната на Окон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>