Перез е еден од иницијаторите на администрацијата во Форс Индија

93

Боб Фернли, вториот човек на Форс Индија, потврди дека тимот е под административна постапка откако барање за истото било поднесено вчера во Судот во Лондон. Не се знае од кого потекнува петицијата за администрација, но според Reuters, администрацијата била иницирана од Серхио Перез, возачот на кој тимот му доли 4 милиони долари поврзани со неговите лични спонзори.

Медиумите шпекулираат и дека кредитори како Мерцедес на кој му се должи 15 милиони долари како и главниот спонзор БВТ, ја поддржале администрацијата.

Од страна на Судот во Лондон во Петок беше назначен и администратор за Форс Индија – потврди Фернли.

Вообичаена псотапка на администраторот е подмирување на обврските на кредиторите од средства со кои располага екипата. Но, Оперативниот шеф на Форс Индија, Отмар Шафнауер потенцираше ќе итно ќе пристигне финансиска помош од надворешна компанија, иако не се знае дали парите ќе бидат како капитал или се работи за нова позајмица.

Помеѓу заинтересираните за тимот се споменуваат Андрети Аутоспорт, Лоренс Строл и Дмитри Мазепин. Администрацијата не би требало да го наруши секојдневното функционирање на екипата.


Перез е еден од иницијаторите на администрацијата во Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>