Серхио Перез беше шокиран што пропушти за напредува на квалификациите и испадна уште во К1 откако ги потценил подобрувањата на патеката. Тимот не пресметал колку ќе се забрза патеката како ќе одминуваат првите 18 минути откако асфалтот забрзано се сушеше по дождт во текот на ноќта.

Екипата сметаше дека е безбедно да се држи Чеко во гаражата до крајот на сесијата, сметајќи дека со поставеното време ќе мине во К2, но мексиканецот не мина понатаму за само еден илјадити дел од секундата.

Разочаран сум што одпаднав уште во К1 и тоа е многу тешко да се проголта. Мислевме дека сме безбедни, но ги потценивме подобрувањата на патеката во само неолку минути. Фрустрирани сме затоа што имавме голем потенциал да бидеме веднаш зад најдобрите три екипи викендов, а наместо тоа тргнуваме од опашката.

Бевме само две десетинки зад Естебан на 7мо место, но со толку збиен поредок, маргините се многу мали и загубивме за само една илјадитинка. Мораме да признаеме дека како тим погрешивме. Одлуката да не се излегува на патеката беше погрешно, но исто така требаше да завршам и подобра работа во текот на кругот затоа што загубив време и се ставив во ранлива позиција – изјави Перез.

Иако неговиот пласман е на 16то место, Чеко ќе почне две позиции понапред поради казните на Даниел Рикардо и Нико хулкенберг.

План е да ја минимизираме штетата што ја направивме денеска, ќе се обидеме да се вратиме во игра за поени, болидот има одличен ритам исто како и на минатата трка, но знам дека ќе биде тешко дасе пробивам.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.