Перез возбуден со перформансите од Јапонија

75
   

Серхио Перез смета дека неговата екипа имала одлична стратегија по неговиот пласман на 7та позиција на Јапонското Гранд При.

Мексиканецот стартуваше од 9то место во Сузука, но надомести неколку позиции во текот на трката и смета дека го постигнал најдобриот можен резултат викендов.

Денес имавме добар резултат. Најдобриот кој можевме да се надеваме да го постигнеме. По слабите квалификации, надоместивме повеќе позиции и сметам дека го извлековме максимумот во трката.

Нашата форма беше силна и тимот испорача одлична стратегија.

Знаевме дека треба да бидеме агресивни за да ги поразиме Хаас и навистина успешно го претекнавме Гросжан преку боксовите, но изгубив време во дуелот со Леклер и не успеав целосно.

По Виртуелното Безбедносно Возило успеав да се доближам до Гросжан и кога ја видов можноста, ја искористив – изјави Перез.

Финишот во поени за Серхио го искачи на 7мо место во генералниот пласман, додека Форс Индија ја намали разликата со Мекларен на само 15 поени.

Многу сум возбуден по нашите перформанси во трката. Моравме да бидеме агресивни и изведовме неколку претекнувања. Ова беше фантастична трка – додаде Перез.


Перез возбуден со перформансите од Јапонија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>