Палмер: Треба повеќе слобода при тркањето

152
   

Поранешниот возач на Рено, Џулион Палмер, вели дека стјуардите во Формула 1 не треба да доделуваат толку многу казни на возачите кои се инволвирани во блиско тркање, тркало-до-тркало.

Минатиот викенд во Јапонија бевме сведоци на повеќе инциденти на патеката помеѓу возачите што доведоа до неколку казни. Макс Верстапен беше дел од два големи инцидента со двајцата возачи на Ферари, додека Фернандо Алонсо остана збунет по казната од 5 секунди откако Ленс Строл го истурка од патеката.

Според Палмер, маневарот на Фетел над Верстапен е тркачки инцидент, иако смета дека возачот на Ферари можел да биде потрпелив.

Доколку почекаше по тој свиок, тој ќе имаше подобри шанси да направи маневар во шиканата пред крајот на кругот, што е подобро место за претекнување. Во брза одлука, неговата трка заврши, а тоа е случај со Фетел во повеќе наврати годинава. Моменти на лоша проценка го чинеа многу.

ФИА не додели казна, што беше правилна одлука во таков тркачки инцидент. Но повеќето други инциденти во трката го истакнаа проблемот во Формула 1 со одлуките на стјуардите.

Една од најдобрите битки која ќе ја видите во Формула 1 беше помеѓу Фелипе Маса и Роберт Кубица во последниот круг во Фиџи, на дожд, во 2007 година. Тие возеа тркало-до-тркало во половина од кругот, се буткаа себеси на самиот лимит и често возеа надвор од патеката и се враќаа на небезбеден начин.

Десет години подоцна, истата битка резултира во казна. Прво за буткање на друг возач надвор од патеката, потоа за враќање на патеката на небезбеден начин, потоа за добивање на предност преку кратење на патеката.

Според правилата, сите тие казни би требало да се доделат. За мене, инциденти при тркање во стил тркало-до-тркало треба да имаат повеќе слобода. Формула 1 во 2018 година не виде премногу претекнувања, така што штета е да се казнуваат возачите.

Но, не доделување на казна за Магнусен кој смени правец во последен момент на стартно-целната рамнина при брзина од 180 милји на час изгледа чудно. Сепак, би сакал да видам помалку казни за тркачки инциденти – вели Палмер во својата колумна.


Палмер: Треба повеќе слобода при тркањето

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>